Кина секој ден произведува околу пет милиони вакцини

22

Кина достигна дневно производство од околу пет милиони дози вакцини против коронавирусот, јавуваат државните медиуми.

Кина за домашна употреба испорача повеќе од 100 милиони дози. Според најновите податоци, вакцина против коронавирусот во Кина примиле 82,85 милиони луѓе.

Кина планира да вакцинира 40% од својата популација од 1,4 милијарди луѓе до средината на оваа година.

Здравствените власти уверуваат дека се очекува забрзување на процесот на вакцинација на дневна основа од почетокот на април оваа година.

Фото: Pexels