Кина: Скенирање на лице за нов мобилен телефон

56

Кина воведе скенирање на лице и при купување на нов мобилен телефон. Корисниците, освен со лична карта, ќе мора да се подложат на детектирање на идентитет и на овој начин.

Според властите, овој потег ќе придонесе за помалку измами, но ја намалува можноста корисникот анонимно да користи телефонски услуги, пишува Engadget.

Кина користи скенирање на лице и за други работи, како на пример, да открие ако некој без дозвола се наоѓа во земјата.

Голем дел од населението е загрижено поради тоа што нивните фотографии можат да дојдат до хакери и да се искористат за разни измами.

Земјата поради притисокот од жителите вети дека ќе ги редуцира овие детектирања, особено откако скенирањето на лице беше користено во тамошен универзитет да следи присуство на студенти.

Фото: Pexels