Кина со најмногу барања за признавање патенти

25

Кина го презеде водството од САД и има најмногу барања за признавање на патенти на светот, наведува ОН во својот извештај.

Иноваторите и компаниите, од кои повеќето се кинески, поднеле 526.000 барања за признавање на патент минатата година, што е една четвртина од вкупните глобални барања.

“Тоа е историска пресвртница”, изјави директорот на Светската организација за интелектуална сопственост при ОН (WIPO), Френсис Гери.

САД сега е на второ место со своите 503.000 барања во 2011 година, Јапонија е на трето со 342.610, а потоа следуваат Јужна Кореја со 178.924, а потоа Европската канцеларија за патенти со 142.793 барања.