Кина: Софтвер пронаоѓа исчезнати кучиња преку отпечаток на нос

116

Megvii, старт – ап од Кина, креираше софтвер со вештачка интелигенција којшто може да детектира изгубено куче со помош на отпечаток од неговиот нос.

Програмата е “тренирана“ да распознава различни отпечатоци на носот од миленичињата слично како што се пронаоѓаат луѓе преку отпечаток од прст, пишува The Verge.

Со помош на апликацијата, може да се најде изгубеното куче преку едноставно скенирање со телефонска камера. На сличен начин телефоните ги регистрираат отпечатоците од прсти за биометриско отклучување, а овој пат апликацијата бара да го фотографирате носот на кучето од различни агли.

Според Megvii, истата е точна во 95% од случаите и досега среќно вратила 15.000 миленичиња на своите сопственици.

Но, освен за пронаоѓање на кучиња во Кина апликацијата ќе се користи и за детектирање на “лошо чување“ на миленици. Оние корисници кои нема да собираат по нивните кучиња или ќе ги шетаат без ланец ќе бидат казнети.

Фото: Pexels