Кина тестира нова генерација маглев возови

30

Фото: Pixabay

Еден од водечките производители на возови во Кина објави дека тестира нова генерација на маглев (магнетна левитација) возови, што може да постигнат брзина до 160 километри на час, што е за околу 60% повеќе од моменталните модели, пишува China radio international.

Тестирањето е направено во градот Чангшан, главен град на централната кинеска покраина Хунан.

Новиот модел е за 30% поефикасен во намалување на триењето и може да понесе шест тони повеќе товар. Во три вагони може да се сместат и до 500 патници.

Првиот кинески маглев воз за прв пат е ставен во употреба во мај 2016 година.