Кина: Вештачка интелигенција ќе го решава проблемот со сообраќајниот метеж

28

Фото: Pixabay

Кинескиот град Хангжоу со помош на вештачка интелигенција ќе го решава проблемот со сообраќајниот метеж, пишува CNN Business.

Станува збор за решение преку платформата City Brain на гигантот Alibaba. Тоа е комплексен софтвер што собира голема количина на податоци во различни делови од градот што има седум милиони жители. Податоците ги прибира преку GPS за локација на возилата и видео снимките од крстосниците. Потоа, системот ги анализира податоците во реално време и координира повеќе од 1.000 семафори.

City Brain, освен во овој кинески град, е имплементиран во други градови од земјата, како и во Малезија.