Кина: Воз наместо по шини се движи по специјални линии на коловозот

40

18882083_1326821860758786_2942238694317048278_n

Фото: Facebook

Во кинескиот град Жуншу е претставен првиот воз што може да се движи по специјално обележани линии на коловозите, пишува Cgtn.com.

Овој иновативен воз, којшто е долг 32, а широк 3,4 метри, може да превезува 307 патници и да достигне брзина од 70 километри на час. Нуди можност за додавање на дополнителни вагони или нивно отстранување, во зависност од бројот на патници.

Возот ќе може да се движи по специјалните линии на коловозот, во коишто има поставени сензори. Бидејќи користи гуми, патниците ќе имаат чувство дека се возат во автобус. Со едно полнење на батеријата од 10 минути, возот може да помине 25 километри.

Ова возило е на железничката компанија CRRC од Кина, а се очекува од следната година да почне да се користи во јавниот превоз во земјата.