Кина забрани печатење на новогодишни честитки на државен трошок

24

cestitkaВладејачката кинеска Комунистичка партија во петокот им забрани на кинеските службеници да праќаат и печатат новогодишни честитки и календари со пари од државните фондови. Ова е последен во низата чекори на владата во обид да го намали расипништвото, екстраваганцијата и корупцијата, јавува Ројтерс.

“Печатењата и производството се се поекстравагантни, а трошењето е се поголемо и поголемо”, стои на интернет страната на кинеската влада.

Со одлуката се опфатени сите владини и партиски оддели, државни претпријатија и финансиски институции, а исклучок може да биде направен само во случај на оние што соработуваат со странство или се во странство.

Кинескиот претседател Џи Јинпинг се обидува да го намали гневот на јавноста поради нелегално или неетичко однесување на партиски функционери, особено оние што живеат на висока нога, на кои често се гледа како знак дека се корумпирани.