Кина започнува масовно производство на автономни автобуси

41

Baidu, една од најголемите кинески технолошки компании, започна со масовно производство на самоуправувачки автобуси пишува BBC.

Компанијата ја објави вести откако го произведе 100-от јубилеен автобус од моделот Apolong во својата фабрика во провинцијата Фуџијан.

Иако првично возилото ќе биде пуштено да сообраќа во кинеските градови, Baidu планира мрежата возила да се прошири и во странство.

Станува збор за напредни, автоматизирани системи коишто можат одлично да возат во секакви временски услови. Apolong автобусите имаат капацитет за 14 патници, а компанијата ги креираше заедно со локален производител на возила.

Немаат седиште за возач, волан и педали. Се движат на електричен погон и достигнуваат брзина од 70 километри на час. Можат да поминат 100km по двочасовно полнење.

Фото: Baidu