Кина заработи над 125 милијарди долари од извоз на телефони

44

Светот не може да се замисли без мобилните телефони и сте погодности што ги нудат овие паметни уреди. Минатата година, на глобално ниво извозот на мобилни телефони беше 267,4 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголема меѓу извозниците е Кина, од каде лани се извезени мобилни телефони во вредност од 125,4 милијарди долари или 46,9% од вкупниот извоз.

Меѓу петте најголеми извозници на мобилни телефони во светот се и: Виетнам (35,5 милијарди долари), Хонг Конг (30,7 милијарди долари), Холандија (14,6 милијарди долари) и САД (10 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најмногу од извоз на мобилни телефони лани заработи Бугарија (171,8 милиони долари). Потоа следат: Словенија (165,6 милиони долари), Грција (81 милион долари), Хрватска (49,7 милиони долари) и Србија (31 милион долари).

Од земјава лани се извезени мобилни телефони во висина од 856.000 долари.

Според податоците, најголем производител на мобилни телефони во светот е кинески Huawei, а потоа следуваат: Lenovo Group (Хонг Конг), Xiaomi Tech (Кина), ZTE (Кина) и Panasonic (Јапонија).

Фото: Pixabay