Кина заработува 21,4 милијарди, а земјава четири милиони долари

51

Кина е лидер во светот по извоз на пластични производи, па минатата година инкасираше 21,4 милијарди долари или 26,8% од вкупниот извоз. Македонија, пак, е 81-ва во светот со извоз на предмети од пластика во висина од 4.015.000 долари или 1,6% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Извозот на пластични предмети лани во светот имаше вредност од 79,9 милијарди долари или 0,5% повеќе во споредба со 2018 година.

Освен Кина, меѓу најголемите извозници на пластични предмети се и: Германија (9,6 милијарди долари), САД (6,9 милијарди долари), Италија (3,3 милијарди долари) и Франција (2,9 милијарди долари).

Словенија, од земјите во регионот, има најголем извоз на пластични предмети и тоа 369 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (98 милиони долари), Грција (61,5 милиони долари), Хрватска (47,4 милиони долари), Србија (43,9 милиони долари) и Босна и Херцеговина (29,8 милиони долари).

Фото: Freepik