Кинеска ексклузива: Volkswagen Lamando L (фото)

Како и другите големи производители, Фолксваген нуди ексклузивни модели на некои светски пазари кои не се продаваат во остатокот од светот.

Со оглед на тоа што Кина поединечно е најголемиот пазар на автомобили во светот, не е ни чудо што германскиот производител има куп модели кои можат да се најдат само во тамошните салони.

Последниот меѓу нив е VW Lamando L, “liftback”.

Во однос на дизајнот, задниот дел на автомобилот потсетува на Peugeot 508, но предниот дел е пооригинален и повеќе наликува на електричните модели на Volkswagen.

Моќта се пренесува на предните тркала, а автомобилот забрзува од 0-100 km/h за 8,5 секунди.

Продажбата во Кина ќе започне напролет, до кога ќе се знае цената на овој автомобил.