Кинеска експертиза за бањата Кежовица во Штип

72

cee3a054-c535-4180-b657-7a1b1144bb30На барање на Владата на Република Македонија, претставници на Кинеската влада престојуваа во Штип, со цел за да се запознаат со капацитетот на бањата Кежовица и можностите за вложување за развој на бањскиот туризам.

Кинеските владини претставници најпрво се сретнаа со градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, кој ги запозна со основните карактеристики на Штип, а потоа и со функционирањето на бањата Кежовица.

Бањата Кежовица и неколку училишта во државата се предмет на развојни проекти кои двете влади ги уредуваат меѓусебно. А за тоа кои проекти ќе бидат финансирани, ќе одлучи Кинеската влада по извештајот кој ќе го изготват Кинезите кои престојуваа во Штип, по престојот во Скопје и Тетово.

“Кинеската делегација ја посети бањата Кежовица, ја анализираше студијата за квалитетот на термалните води, а беше запознаена и со плановите на Општината за проширување и модернизирање на комплексот”, соопшти локалната власт на Штип.

Во моментот се изработува детален урбанистички план за реонот на бања Кежовица, по што Општината планира изградба на неколку хотели и спа центри.

При тоа јавната бања ќе остане за потребите на граѓаните, а за модернизирање на Физикалната терапија сега надлежни се Министерството за здравство, односно универзитетот Гоце Делчев.

Претставници на штипскиот Универзитет, вчера исто така ги презентираа капацитетите за физикална терапија.