Новата “Zara“ или кинеската компанија Shein минатиот месец беше апликација за купување облека со најмногу преземања во САД, што ѝ стави крај на доминацијата на Amazon.
Поголемиот дел од Американците постари од 30 години уште не слушнале за Shein, но апликацијата е многу популарна меѓу генерацијата З, па го зазела врвот меѓу апликации за купување со најмногу преземање и за iOS и за Android.
Меѓу инвеститори на компанијата се наоѓаат глобални гиганти како што се IDG и Sequoia, а минатата година Shein го ангажираше конзорциумот на банки Goldman Sachs, Bank of America и JP Morgan како советници за потенцијална котација на американската берза.
Огромниот раст на пазарот за “брза мода“ од 36 милијарди долари Shein го должи на технологијата, односно поради тоа што користи анализа на податоци за да ги воочи промените во вкусовите на потрошувачите.
Облеката за Shein ја произведува мрежа од кинески текстилни компании, а сето она што ќе се сошие оди за извоз. Shein нуди достава во повеќе од 200 земји во светот.
Компанијата во 2008-ма година ја основаше Ксу Јангтиан, кој кариерата не ја започнал ниту во светот на модата или трговијата, туку во информатика. Работел како експерт за оптимизација на интернет пребарувања во фирми за дигитален маркетинг, којашто соработувала со извозници. На почетокот својата компанија ја нарекол Sheinside, но во 2014 година го скратил името во Shein.
Фото: Pexels