Кинески BAIC го зголемува уделот во Daimler

26

Кинеската автомобилска групација Co Ltd BAIC, којашто веќе поседува 5% удел во Daimler, започна со купување на акции на германската компанија, пренесува Ројтерс.

BAIC е трет најголем акционер на Daimler, но уделот од 10% од акциите ќе го направат најголем акционер, надминувајќи го својот кинески ривал Zhejiang Geely Holding Group, којшто поседува 9,69% од германскиот производител на автомобили и сака да го прошири своето партнерство со Daimler во Кина.

Со удел од околу 10%, BAIC сака да обезбеди место во управниот одбор на Daimler, што во моментов го нема Geely, велат извори за Ројтерс.

Фото: Pexels