Кинескиот производител на автомобили Zhejiang Geely Holding Group планира да собере околу милијарда долари инвестиции со цел да ја развие линијата на спортски автомобили Lotus Cars на кинескиот пазар на електрични возила, пренесува Automotive News.
Geely соработува со советници за да го зголеми интересот на потенцијалните инвеститори, коишто инвестицијата со Lotus Cars би можеле да ја проценат на околу шест милијарди долари.
Во исто време, кинескиот автомобилски производител ја проценува можноста за иницијална јавна понуда следната година на Lotus или на целиот оддел што се занимава со производство на електрични возила.
Се проценува дека вредноста на Lotus би била околу 15 милијарди долари.
Фото: Pexels