Кинески милијардер чести 6.400 вработени со четиридневен одмор во Париз

63

kinesi vo pariz

Големата кинеска компанија Tiens Group на 6.400 од вкупно 12.000 вработени им организира четиридневен одмор во Париз, каде што се резервирани 140 хотели, пишува Гардијан.

Патувањето на вработените во оваа компанија вклучува и посета на музејот Лувр, а се очекува овие туристи да потрошат вкупно 13 милиони евра.

Претседателот на Tiens Group, Ли Џинјуан ја формирал оваа компанија во 1995 година, којашто подоцна прерасна во меѓународен конгломерат што се занимава со биотехнологија, здравствен менаџмент, електронска трговија, туризам и слично. Педесет и седумгодишниот Џинјуан на листата на Forbes во 2011 година се најде меѓу најбогатите на планетата.

Франција, земја што се обидува да ја заздрави економската состојба, е најпосетувана туристичка дестинација во светот, според податоците на Обединетите нации. Она што може да се забележи дека бројот на туристи од Кина во Франција постојано се зголемува.