Кинески тајкун ќе гради палата од 500 милиони фунти во центарот на Лондон

65

Кинескиот милијардер доби дозвола да изгради осумкатна приватна палата од 5.760 квадратни метри со поглед на Хајд Парк во центарот на Лондон.

Градскиот совет на Вестминстер му одобри на Чеунг Чунг-киу, тајкун  од Хонг Конг, делумно да руши и реконструира зграда во центарот на Лондон и да ја претвори во негов дом, што според експертите може да вреди 500 милиони фунти, пишува Guardian.

Советот соопшти дека не бил во можност да го запре градежниот проект затоа што претходно имало еднособна куќа на местото, а правилата за планирање дозволуваат нејзина замена.

Фото: Pixabay