Кинескиот производител на автомобили BYD објави дека неговата добивка тројно се зголемила во првата половина од годината, консолидирајќи ја својата позиција како водечка марка на домашниот пазар, и покрај жестоката конкуренција. Во првите шест месеци од оваа година, нето добивката на BYD скокна на 10,95 милијарди јуани (1,5 милијарди долари), покажа извештајот до Шангајската берза.
Во првите три месеци од годинава тој е пет пати поголем од истиот период лани, а во периодот од април до јуни е повеќе од двојно поголем.
Приходите во првите шест месеци скокнаа за 72,7 отсто на 260,12 милијарди јуани.
BYD ја зацврсти својата водечка позиција на домашниот пазар, и покрај жестоката конкуренција и намалената побарувачка. Во октомври минатата година за прв пат на најголемиот пазар во светот продаде повеќе автомобили од групацијата Фолксваген.
Добрите резултати се проширија до јули кога BYD испорача рекорден број на хибридни модели, откако испорача 700.244 возила во периодот од април до јуни.
Компанијата се приклучи на налетот на кинеските производители на електрични возила на странските пазари. Во првата половина од годината тие продале вкупно 612.425 автомобили на батерии, секоја десетта на странските пазари, покажуваат податоците на кинеската асоцијација на производители на автомобили.
Во истиот период, американската Тесла продаде 889.015 автомобили на пазарите ширум светот.
Минатата година, BYD се договори со германската компанија за изнајмување автомобили Sixt да испорача околу 100.000 електрични автомобили до 2028 година.