
Кинескиот извоз изразен во американски долари во мај порасна за 7,6 отсто на годишно ниво, на 302,35 милијарди долари, додека увозот истовремено скокна за 1,8 отсто, покажуваат денеска објавените податоци на Генералната царинска управа на Кина.
Аналитичарите на Ројтерс претходно прогнозираа раст на кинескиот извоз за шест отсто, а на увозот за 4,2 отсто.
Според статистичките податоци за првите пет месеци од 2024 година, извозот на Кина е зголемен за 2,7 отсто во однос на истиот период во 2023 година, на 1,4 трилиони долари, а увозот за 2,9 отсто.











