Кинескиот старт – ап ByteDance развива сопствен смартфон

27

Кинескиот старт – ап ByteDance којшто моментално е највредниот еднорог во светот, развива свој смартфон.

Стартапот е познат по креацијата на една од најпопуларните апликации за споделување на видеа – TikTok.

Таа е моментално најбрзорастечка апликација за социјални медиуми со околу 500 милиони редовни корисници, пишува BBC.

TikTok им овозможува на корисниците да постираат видеа од 15 секунди, а според проценките апликацијата е преземена повеќе од една милијарда пати.

ByteDance се реши на овој чекор откако се стекна со патенти и вработени од производителот на уреди Smartisan.

На новиот паметен телефон стартапот работи веќе седум месеци.

Фото: Pixabay