Кинескиот увоз на руска нафта најголем од избувнувањето на војната во Украина

19

Кинескиот увоз на руска нафта минатиот месец достигна највисоко ниво од интервенцијата на Москва во Украина во февруари 2022 година, покажаа податоците на царината на Пекинг, пренесува Данас.рс.

Кина увезла 9,71 милиони тони нафта од Русија во мај, покажаа деталните царински податоци, во однос на 5,4 милиони тони во февруари 2022 година и 6,3 милиони следниот месец, според АФП.

Податоците покажуваат дека кинескиот увоз на руска сурова нафта е речиси двојно зголемен од избувнувањето на војната во Украина.Тоа е во согласност со податоците објавени овој месец кои покажуваат дека трговијата на Кина со Русија е зголемена на нивоа што не биле забележани од февруари 2022 година. Испораката на руски енергенси за Кина оваа година треба да се зголеми за 40 отсто, изјави во мај вицепремиерот на Руската Федерација Александар Новак.

Кина е најголемиот економски партнер на Русија, а трговската размена меѓу двете земји минатата година достигна рекордни 190 милијарди долари, покажуваат податоците на кинеската царина.