Приходите од спонзорите на FIFA во пресрет на Светското првенство во фудбал, паднаа од 1,6 на 1,45 милиони американски долари, пишува BBC, повикувајќи се на податоците од истражувањето на компанијата за глобално истражување на пазарот, Нилсен. Според нив, Светското првенство во фудбал Русија 2018 била “потешка продажба” отколку претходните две светски првенства. Вклучувањето на кинеските спонзори буквално го спасија престојниот куп откако поголем број од големите спонзори заминаа по корупцискиот скандал во FIFA.
Најголемата кинеска компанија за комерцијална сопственост, Wanda Group, е еден од седумте официјални партнери на ФИФА, заедно со Coca Cola, Adidas, Gazprom, Qatar Airways, Visa и Hyundai/Kia.
Wanda Group е сопственик и на InFront Media, компанија за спортски маркетинг која ги поседува медиумските права во 26 азиски држави за овогодинешното светско првенство, како и за следното во 2022 година. Три, од официјалните пет спонзори на турнирот во 2018 година, се исто така кинески, и тоа Hisense, Vivo и Mengniu.
Во секој четиригодишен финансиски циклус, Светското првенство претставува значаен извор на приходите на FIFA. Според компанијата за глобално истражување на пазарот, Нилсен, спонзорските приходи на FIFA двојно се зголемини од периодот 1999-2002 година. На пример, во 2010 година приходите од спонзорства од други настани генерираа само 25 милиони американски долари, додека во 2014 година таа сума беше 49 милиони американски долари.
Со ваквиот тренд на зголемување на азиските спонзори, кои само за светското првенство во Русија имаат 39% од договорите, FIFA слободно може да се надева на пораст на приходите за следниот циклус, токму поради фактот што следниот турнир е во Катар, и регионалните спонзори секако ќе сакаат да профитираат од истиот.
Фото: Pixabay