Кинеските најави ја намалија цената на нафтата

90

Цените на нафтата благо паднаа на денешното азиско тргување, откако во вторникот значително пораснаа поради најавата на кинеските власти дека од следната година ќе ги укинат увозните квоти за независните нафтени рафинерии, пренесува француската новинска агенција АФП.
Барел 159-литарска сирова нафта „West Texas Intermediate“ за испорака во декември беше на 71,43 долари на азиското тргување, што е за 31 цент помалку од затворањето во вторникот. Декемвриските фјучерси на нафтата Брент паднаа за 32 центи на 75,72 долари.