Кинеските туристи со високи примања сè помалку сакаат да патуваат во странство

Кинеските туристи со високи примања сè помалку сакаат да патуваат во странство, покажува најновото истражување на консултантската куќа Оливер Вајман.

Само 14 отсто од кинеските домаќинства со месечен приход над 4.000 евра, кои пријавиле дека патувале во странство минатата година, планираат повторно да посетат странски земји оваа година, пренесува Си-Ен-Ен.

Кинеските граѓани генерално претпочитаат да патуваат во својата земја, наведувајќи ги големиот број можности за туризам и пониските цени во споредба со патувањето во странство.