Кинеските власти ги потикнуваат граѓаните да одат во ресторани и да поддржат малите бизниси

491

Преку официјални соопштенија, но и преку социјалните мрежи, градските власти во Кина ги охрабруваат граѓаните да помогнат во закрепнување на малите бизниси, да купуваат во трговски центри и да одат во ресторани.

Овој викенд, локалните власти на Чонгкинг презедоа мерки да ги охрабрат жителите на нивниот град да ги поддржуваат малите локални бизнисмени и трговци, охрабрувајќи ги да не се плашат од зараза и да одат во ресторани, трговски центри и локални продавници, пренесува Seebiz.

Градот ги охрабрува сите деловни субјекти да одржуваат мерки за безбедност, да ја контролираат температурата на секој што влегува во нивните простории, но во исто време им порача на граѓаните да им веруваат на локалните безбедносни мерки.

Според проценките на властите, Кинезите во овој момент се однесуваат премногу претпазливо, што ги тера да ги наведуваат на “нормална“ потрошувачка.

Фото: Pixabay