Кинези ќе прават електрични автобуси во Србија

42

Еден од најголемите кинески произведувачи на автобуси Li Jong наскоро ќе работи за српската кампанија Ikarbus, пишува РТС.

Li Jong ќе ја даде својата експертиза во монтирање на електрични автобуси коишто би се користеле за јавен превоз. Со овој чекор и Србија се приклучува кон заштита на животната средина.

Кинезите планираат да отворат фабрика за батерии и сакаат атобусите произведени во Ikarbus да бидат европски производ.

Според експертите информатичката технологија и телеметриските системи до 2030 година ќе ја заменат професијата професионален возач, а во Европа веќе постојат пробни автобуски линии кои сообраќаат на електричен погон без возач.

Фото Ikarbus