Кинески инвеститори ја разгледуваат можноста за изградба на рафинерија во српскиот град Смедерево, за што ќе бидат одвоени над две милијарди евра, соопшти Српскиот совет за соработка со Русија и Кина.
За проектот ќе се разговара со работната група што ја основаше српската влада, а се очекува да се случи во април доколку се постигне договор за сите прашања.
Се очекува градежните работи да траат четири години, а производството на гориво да биде по Euro 6 стандарди.
Во производство на опрема за рафинеријата ќе бидат вклучени компании од САД и Германија.
Фото: Freepik