Кинези сакаат да купуваат фабрики за мебел во Србија

62

drvoКинески инвеститори се заинтересирани за купување на неколку фабрики за мебел во Србија, разговарано е на состанокот на претседателот на Асоцијацијата на произведувачи на мебел од Кина, Динг Зуохонгу и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, јавува РТС.

Љајиќ истакнал дека предноста на Србија во дрвната индустрија и производство на мебел е големата сировинска база, обучената работна сила и склучените договори за слободна трговија со повеќе земји, кои овозможуваат пристап до пазар од 800 милиони луѓе. Претседателот на Асоцијацијата Динг Зуохонгу изразил заинтересираност за купување на неколку фабрики за мебел, но и желба да инвестираат во изградба на индустриска зона во Србија во која ќе се произведуваат мебел и декорација.

Кина е една од водечките произведувачи на мебел во светот, со преку 50.000 компании во оваа област.