Кинезите најголеми онлајн купувачи

46

Купувањето преку интернет во Кина се зголеми за 14,8% на годишно ниво, на околу 1,5 милијарди долари во 2020 година, покажуваат податоците на тамошното Министерство за трговија.

Кина веќе осум години по ред беше најголем пазар за онлајн продажба во светот, а таа сочинува 24,9% од вкупниот обем на малопродажба во земјата во 2020 година.

Зголемената онлајн продажба значеше и повеќе работа за компаниите што нудат услуги за разнесување и достава, со вкупно 83,36 милијарди пакети испорачани во текот на минатата година.

И онлајн продажбата во живо доживеа голем пораст во текот на минатата година, со повеќе од 20 милиони такви активности.

Податоците на кинеското министерство за трговија, исто така, покажуваат дека увозот на производи за широка потрошувачка е зголемен за 8,2% на годишно ниво.

Фото: Freepik