Кинезите “полудеа“ по Tesla

76

Продажбата на автомобилите на Tesla во Кина се зголеми на 6,6 милијарди долари во 2020 година, во однос на 2,79 милијарди долари во 2019 година, покажуваат официјалните податоци.

Продажбата во Кина е околу 21% од вкупните приходи на компанијата во вредност од 31,54 милијарди долари, така што овој азиски пазар е втор најважен за Tesla веднаш после САД.

Во САД, компанијата чиј сопственик е милијардерот Илон Маск, има пораст на продажбата на 15,21 милијарда долари во 2020 година, во однос на 12,65 милијарди долари во 2019 година.

Компанијата се фокусираше на испорака на електрични автомобили произведени во гигафабриката во Шангај, со цел да го зајакне своето присуство на азискиот пазар.

Фото: Freepik