Кинезите во мај купувале помалку автомобили

42

Продажбата на возила во Кина во мај за првпат во повеќе од една година бележи пад, покажуваат официјалните податоци.

Во мај на најголемиот светски пазар на автомобили се продадени 2,13 милиони возила, што е за 3% помалку одошто во истиот период лани.

Продажбата на возила со погон на нови извори на енергија, вклучувајќи ги електричните возила на батерии, хибридни и на водород, повторно имаат голем скок од 160%.

Во период од јануари до мај оваа година се продадени 10,88 милиони возила, што е за 36% повеќе одошто во истиот период лани.

Фото: Freepik