Кинезите заинтересирани за мариборскиот аеродром и Марифарм

44

mariborКинезите сакаат во Марибор, Словенија, да инвестираат во фабрика за акумулатори, во мариборскиот аеродром и фармацевтската компанија Марифарм. Ова го соопшти делегацијата од Марибор која се врати од Кина, каде преговарале за можни инвестиции и соработка со кинески партнери, пишува Дело.

Кинеската компанија за производство на акумулатори Shihlien Apex сака уште ова лето да започне производство во Марибор, па преговара со општината за можни локации. Во април на преговори доаѓаат и инвеститори заинтересирани за преземање на фармацевтската компанија Марифарм.

Делегацијата во Кина го промовирала и мариборскиот аеродром, а еден од заинтересираните инвеститори веќе потпишал писмо на намери и понудил пет милиони евра.