King Louie – робот на надувување што би се користел во вселенски мисии

33

Фото: Youtube

King Louie е робот на надувување што би можел да се користи во вселенски мисии. Станува збор за проект на Универзитетот Brigham Young од САД, а го финансира американската вселенска агенција NASA.

Овој вид на роботи се изработени од посебни флексибилни комори што може да се надуваат и на тој начин да се поместуваат делови од “телото“ на роботот. Основна предност им е тоа што се меки и може лесно да се прилагодат на различно окружување.

Освен што е подвижен и може да извршува најразлични задачи, King Louie е компактен кога од него ќе се истисне целиот воздух, па зафаќа многу мал простор.