Kingii – безбедносна нараквица за во вода

48

kingii-fb

Фото: Facebook

Американски старт – ап ја создаде безбедносната нараквица Kingii, којашто е наменета за сите оние кои сакаат да уживаат во водените спортови, без разлика дали се аматери или професионалци.

Корисникот треба да ја постави на зглобот од неговата рака доколку плива, сурфа или нурка. Во моментот кога ќе се почувствува небезбедно и тоне, треба само да ја повлече рачката од Kingii, по што ќе се ослободи безбедносниот балон. Со негова помош, корисникот лесно ќе исплива на површината на водата.

Kingie ќе може да се користи повеќе пати, со тоа што треба да се промени само кертриџот со CO2.

Оваа безбедносна нараквица чини 89,99 долари.