Кино во Франција служи кавијар и шампањ

3

luksuz-fancy-bioskop (2)Недалеку од Париз во трговскиот комплекс Аеровил се наоѓа киното EuropaCorp, кое на посетителите им нуди единствено уживање во филмот.

Станува збор за четири различни понуди и тоа Live, First Class, EuropaMax, и  Imax стил со 366 седишта како и осум класични кино сали.

Понудата First Class е најлуксузна од сите со којашто покрај добриот филм се добиваат уште низа други погодности, како чаден лосос, кавијар и шампањ.

Ако сте љубители на слатките задоволства ќе може да се нагостите со познатите Pierre Herme макарунс. Исто така, во киното има 3D екран, приватна ложа, кожни седишта, а сето тоа може да го добиете по цена од 50 евра.

cinema41382136698-mg0445Euopacorp-cinema-first-2013un-avant-gout-d-une-des-salles-first-aveccinema6image2europa