Кипар ќе остане без национален авиопревозник

15

ÊÕÐÑÉÁÊÅÓ ÁÅÑÏÃÑÁÌÌÅÓ - ÍÅÏ ÁÅÑÏÐËÁÍÏ

Националниот кипарски авиопревозник Cyprus Airways ќе престане со работа поради одлуката на Европската комисија дека компанијата добила незаконска државна помош, јавува Ројтерс.

ЕК вчера нареди авиопревозникот да ги врати парите што како помош ги добила од државата, чија вкупна вредност е околу 100 милиони евра.

“Компанијата веќе не е остварлив економски субјект… и не може да продолжи да функционира”, изјави министерот за финансии на Кипар, Харис Георгиадис. Тој рече дека државата целосно ќе ги покрие трошоците за алтернативни летови за патниците кои веќе направиле резервации. Летовите на Cyprus Airways ќе ги преземат грчата авиокомпанија Aegean Airlines и ирската нискобуџетна Ryanair.

Авиокомпанијата е во 93% сопственост на државата, во својата флота има шест авиони и 550 вработени.