Почетна Новости Европа Кипар: Владата делела златни пасоши кршејќи сопствени закони

Кипар: Владата делела златни пасоши кршејќи сопствени закони

29

Владата на Кипар го прекршила законот во безброј прилики со доделување државјанства на илјадници луѓе во замена за пари или инвестиции, покажала официјалната истрага.

“Резултатите од истрагата покажуваат дека програмата којашто се спроведуваше од 2007 до 2020 година е со празнини и недостатоци, како и со несоодветна законска и скоро никаква регулаторна рамка “, рече претседателот на Комисијата, Мирон Николатос, истакнувајќи дека владата надлежна за одобрување апликации, ги прекршила сопствените закони безброј пати.

Властите доделувале пасоши на апликанти кои го исполнувале минималното барање за инвестирање, кое чинеше два милиони евра.

Според резултатите од истрагата, не требало да се издаваат повеќе од половина од пасошите, пред сè, оние издадени на членови на семејството на инвеститорот, за кои немало законска основа. Кипарскиот пасош дозволува безвизно патување, работа и престој во земјите членки на Европската унија, а шемата е особено привлечна за инвеститорите од Русија и Азија.

Фото: Pixabay