Kit Kat билборд што масира

29

kitkat

За да ги промовираат чоколатцата Kit Kat во Колумбија, J. Walter Thompson и Mindshare инсталираа 20 билборди во главниот град Богота, познат по големиот сообраќаен метеж. Овие билборди не се обични. Во нив се вградени мали мотори што при активирање на системот, пренесуваат пријатни вибрации. Минувачите треба само да се потпрат на билбордот и да добијат масажа.

Идејата на агенциите е на жителите на овој град да им овозможи кратка пауза и намалување на стресот.