Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе растат платите на функционерите во 2025 година, изјави:
„Ќе растат сите плати во државата. Ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите, тоа го кажавме. И тоа го правиме, правиме измена на законското решение со коешто нема да има покачување на функционерските плати. И оваа измена на Законот ќе биде пред пратениците наскоро. Така што ќе се бориме да сите вработени во државата добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но нема тоа право да го имаат функционерите.
Дали е тоа исправен чекор? Јас ценам дека е исправен, иако постои дебата. Но, јас ценам дека е исправен и така ќе продолжиме да работиме и во иднина, во интерес на граѓаните и во интерес на сите оние коишто нѐ гласале и коишто имаат доверба во нас како власт.”