Ќе се продаваат 27 обични акции од ТЕ-ТО АД Скопје

На 1 септември 2025 година (понеделник), ќе се одржи јавна берзанска аукција за продажба на голем пакет акции од компанијата ТЕ-ТО АД Скопје.

Продажбата се врши на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, а како продавач се јавува Топлификација АД Скопје – во стечај. Ќе бидат понудени вкупно 27 обични акции, што претставува 10,80% од основната главнина на ТЕ-ТО АД Скопје.

Почетната цена за секоја акција е поставена на 20.555.556 денари, а продажбата ќе се спроведе по моделот „се или ништо“.

“Ве известуваме дека на 01.09.2025 година (Понеделник), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понудат за продажба 27 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 10,80% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 20.555.556,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“, стои во објавата на Македонска берза.