Клиенти сами си дизајнираат облека во продавница на Adidas

50

adidas

Фото: Adidas

Компанијата Adidas, со цел да одговори на потребите на потрошувачите, тестира продавница во којашто купувачите ќе може сами да дизајнираат облека, пишува Reuters.

Во продавница во трговски центар во Берлин, клиентите сами ја дизајнираат својата облека за 200 евра, којашто потоа се шие, пере и суши во продавницата во период од четири часа.

Клиентот влегува во затемнета просторија, каде проектор на нивното тело, ги прикажува примероците што ги избрале. Достапни се повеќе комбинации и бои кои клиентот може да ги избере, а облеката се крои откако ласерскиот скенер ќе земе мерки од неговото тело и податоците ги испраќа до уредот за шиење.

За да го забрза процесот на производство, од дизајнирање до испорака од досегашните 12 до 18 месеци, Adidas почна да инвестира во роботизирани фабрики во Германија и Америка.

Од компанијата се надеваат дека на тој начин брзо ќе може да одговорат на потребите на своите клиенти, но и дека ќе продадат повеќе производи по повисока цена. Зголемувањето на маржата е “главно оружје“ во битката со најголемиот ривал, американската компанија Nike. Adidas сака до 2020 година да ја изедначи оперативната маржа со Nike.