Клиентите на Комерцијална банка оштетени од поплавата се ослободени од надомест

21

Poplava2

Менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје донесе одлука, согласно тарифата на надоместоци, да ги ослободи од надомест клиентите од деловите на главниот град погодени од неодоамнешната поплава.

Клиентите кои се жители на погодените подрачја се ослободуваат од следните надоместоци:

  • Издавање препис на потписен картон за трансакциска сметка;
  • Надоместок за повторно издавање на изгубена, украдена и физички оштетена дебитна и кредитна картичка;
  • За повторно издавање ПИН код;
  • За пријавување денарска и девизна штедна книшка (сметка) за неважечка.

За да ги добијат наведените ослободувања од надоместоците, клиентите ќе треба да се идентификуваат со соодветен документ за постојан престој во местата погодени од поплавите на 06.08.2016 година.

Ослободувањето ќе важи сѐ до 31.12.2016 година.

Инаку, Комерцијална банка АД Скопје досега донираше 2 милиони денари на солидарната сметка на Црвениот крст на Република Македонија, 25.000 литри вода за пиење, а вработените на Банката во организирана акција за помош на настраданите во поплавите поделија и пакети со конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција и други средства неопходни за ублажување на состојбата и учествуваат во волонтерските акции за справување со последиците од поплавата.