Клиентите реновирале, па Ikea ќе им враќа пари на државите од кои добила помош

100

Шведската компанија Ikea донесе одлука во некои земји да им ги врати парите на владите што ги добила од нив за време на пандемијата на коронавирус со цел да се зачуваат работните места.

Според  Financial Times, претставниците на Ikea веќе контактирале со надлежните органи во Хрватска, Ирска, Белгија, Чешка, Португалија, Шпанија, Романија, Србија и САД за да го договорат начинот за враќање на средствата во државните буџети.

Толга Ончу, менаџер за продажба, изјави дека сега се попаметни отколку во февруари и март, кога очекувале пандемијата да предизвика пад на продажбата до 80%, но дека во меѓувреме тоа се покажало погрешно.

“Се покажа дека многу од нашите клиенти решија да реновираат и побарувачката не падна толку многу“, вели тој, додавајќи дека ставот на Ikea е дека владите ѝ помогнале за време на кризата и дека компанијата е во можност да ги врати средствата.

Портпаролката на Ikea објасни дека е многу важно за нив да одржуваат добри односи со државите, така што компанијата најавува дека нема да земе државни пари и во Германија, за да се зачуваат работните места.

До август 2019 година во однос на 2018 приходите на Ikea скокнале за 5,3%, на 39,1 милијарди евра. Заработката во истиот период се зголемила од 1,46 милијарди евра на 1,81 милијарди евра.

Фото: Pixabay