Климатските промени би можеле да предизвикуваат намалување на рејтингот на 63 земји во светот, што се под лупа на агенциите S&P Global, Moody’s и Fitch.
Научници од неколку британски универзитети дефинирале “реално“ сценарио под името RCP 8.5, коешто се базира на претпоставката за континуираниот раст на емисијата на штетни гасови во следните децении. Потоа проучиле како би влијаеле растот на температурата, нивото на морињата и останатите климатски промени врз економијата и финансиите на земјите, што од друга страна ќе се рефлектира и врз нивниот кредитен рејтинг.
“Заклучивме дека до 2030 година, рејтинзите на 63 земји ќе им бидат намалени поради климатските промени. До 2100 година, бројката би требало да се зголеми на 80 земји во светот“, стои во анализата на научниците.
Најтешко би биле погодени Кина, Чиле, Малезија и Мексико, а потоа следат: САД, Германија, Канада, Австралија, Индија и Перу.
Фото: Pexels