KLM се враќа во Хрватска по 22 години

11

klm

Холандскиот авиопревозник KLM вчера од Амстердам слета во Загреб и со тоа беше означен почетокот на летање на оваа линија и негово враќање во Хрватска по 22 години.

“Холандија е значаен пазар со 320.000 туристи кои ја посетуваат Хрватска, но и важен транзитен аеродром и влез во Европа од далечните пазари. Токму зголемувањето на бројот на аеродроми е предуслов за поголема размена на туристи кои доаѓаат во Хрватска, а особено е важно за пред и посезоната”, изјави хрватскиот министер за туризам, Дарко Лоренцин, пренесуваат хрватските медиуми.

KLM има флота од 160 авиони, кои од аеродромот Schipol во Амстердам летаат кон 200 светски дестинации. Заедно со Air France и останатите партнери, нудат летови до скоро сите места во светот, преку јазлите во Амстердам и Париз.

Летот Амстердам – Загреб ќе функционира цела година, а не само во текот на летниот ред на летање, како што беше претходно најавено.