Клучни совети за успех од “тренерот за мозок“ на Илон Маск

174

Џим Квик е еден од најпознатите експерти и тренери за мозочна ефикасност, а еден од неговите клиенти е Илон Маск. Квик вели дека милијардерот Маск го ангажирал откако се поврзале преку книгите со научно-фантастичната тематика, како што е Господар на прстените.

Откако извршниот директор на Tesla и SpaceX дознал за работата на Квик – од подучувањето луѓе како брзо да читаат до помагање за подобрување на меморијата и побрзо учење – Маск бил заинтересиран.

“Маск ме вработи затоа што сфати дека е неопходно секогаш да учите за да бидете успешни“, вели Квик.

Маск веќе имаше неверојатно помнење за почеток, смета Квик, затоа што веќе му биле познати повеќето техники за паметење кои ги подучува Квик.

Техниките кои Квик ги користи се наоѓаат во неговата книга “Безгранично: Надградете го својот мозок, учете побрзо и отклучете го својот исклучителен живот“. Книгата е посебно релевантна затоа што цели индустрии и пазари на труд се нарушени, па луѓето мора да учат нови вештини кои ќе им овозможат да се прилагодат и да опстанат, вели Квик.

Еве неколку најдобри совети од Квик

Квик вели дека е важно да се борат против сите автоматски негативни мисли или ANT-ови (Automatic negative Thoughts – автоматски негативни мисли), кои ви велат дека не можете да научите нешто ново.

“Ако редовно си велите себеси дека не можете да направите нешто или дека сте премногу стари за нешто, или дека не сте доволно паметни нешто да направите, тоа нема никогаш да го направите“, пишува Квик во својата книга.

За да ги елиминирате тие ANT-ови, Квик предлага разговор со нив. На пример, ако забележите мисла дека не можете да научите да програмирате, веднаш речете си себеси: “Јас можам да го научам тоа“. Тој вели дека со тек на време тие мисли ќе исчезнат и така ќе се отстрани препреката за учење.

Фото: Pixabay