KN EurasiaExpress: Нова железничка транспортна услуга помеѓу Кина и Европа

65

 

kuehne-nagel

Со лансирање на KN EurasiaExpress, Kuehne + Nagel понуди можност за транспорт на групни пратки (LCL) помеѓу Кина и Европа. Оваа нова услуга на компанијата ја надополнува постоечката услуга за железнички транспорт на цел контејнер (FCL) наменет за увоз и извоз на пратки, велат од компанијата.

KN EurasiaExpress ги поврзува Кина, Русија и Европа. Како дополнување на постоечката услуга за транспорт на цел контејнер (FCL) од Дуизбург како главна појдовна европска точка, Kuehne + Nagel сега нуди сопствена услуга на групни пратки (LCL) од терминалот на Вухан, Кина до Хамбург, Германија и Маласцевице / Познан, Полска. Kuehne + Nagel опслужува повеќе од 50 локации за збирен транспорт во Народна Република Кина, вклучувајќи ги и клучните транспортни локации како Шенгјанг, Чонгинг, Ченгду и Женгжу.

Покрај услугите за увоз, понудата, исто така, вклучува и услуги за увоз на групни и комплетни пратки (LCL & FCL) од Европа во Азија. KN EurasiaExpress претставува атрактивна услуга посебно за компаниите од автомобилската индустрија, индустријата за висока технологија и модната индустрија.

“KN EurasiaExpress претставува извонреден синџир на мобилен транспорт согласно принципот од врата до врата. Со помош на транзитни периоди од 14 до 18 дена од појдовниот терминал до терминалот на крајна дестинација, на нашите клиенти им нудиме далеку побрзи испораки споредено со поморскиот транспорт и тоа за пониски цени споредено со авионскиот транспорт. Прецизните интервали на заминување и транзит овозможуваат веродостојност во планирањето. Со помош на користење на KN Login платформата нашите клиенти ја поседуваат можноста да пристапат до целосно транспарентни информации во врска со статусот на нивните испораки“, изјави Ото Шахт, член на управниот одбор на Kuehne + Nagel Интернационал АД одговорен за поморски транспорт.

Карго безбедноста претставува една од главните теми. Kuehne + Nagel ги обезбедува највисоките безбедносни стандарди на терминалите, вклучувајќи подобрени контејнерски пломби за своите испораки од KN EurasiaExpress. GPS базиран мониторинг на податоците овозможува преглед на информациите во реално време во однос на вредностите за температура, влажност, притисок, изложеност на светлина и позиција во контејнерите. Пратките осетливи на температура може да бидат транспортирани во 13,7 метри долги климатизирани контејнери. Услугите кои ги нуди KN EurasiaExpress, исто така, покрива држави од периферијата на Европа. Првиот блок на товарни возови се веќе транспортирани во Турција. Веќе се планираат и сопствени услуги на транспорт на групни пратки (LCL) помеѓу Кина и Русија.