Knife Robot – уред што сам остри ножеви

33

knife-robot

Фото: Indiegogo

Knife Robot е уред на американски старт – ап од Силиконската долина, којшто е иновативен и автоматски острач на ножеви.

Неговиот корисник треба само да го постави ножот во роботот и за пет минути ќе ја добие потребната острина на сечилото. Во овој момент, Knife Robot го има во две верзии: едната е преносна и може да се прилагодува на потребите на корисниците, додека втората е наменета за професионални шефови во кујна.

Неговата редовна цена се очекува да биде околу 700 долари.

Knife Robot има своја кампања на платформа за групно финансирање, Ingiegogo, од каде што планира да собере 20.000 долари. На 15 дена пред крај на кампањата, уредот успеа да собере над 74.800 долари.