Книга во срцето – продолжен викенд на книгите во Клуб Матица

61

Клуб Матица и Матица Екслузив со заедничка акција по повод 14-ти февруари. Традиционално, овој ден Булеварот на книгите на Климент Охридски ќе биде отворен до полноќ, каде граѓаните ќе можат да купат голем број наслови од македонски и странски автори. И овојпат Будни до полноќ, со многу интересни изненадувања.

Новитет е Паркот на книгата, лоциран зад Матица Екслузив во кој, овој ден ќе биде посветен на славје на вино и книга. Бидејќи љубовта е во книгата, а сите приказни започнуваат со голтка вино, од паркот на Книгите порачуваат: Книгата гради споменик во срцето на читателот.

„Книга во срцето. Тоа е главната идеја на овогодинешниот празник на виното и љубовта, 14-ти февруари. Годинава, и на Булеварот на книгите и во Паркот на Книгите, ја славиме книгата опиени од љубовта со многу автори и наслови, и секако, со безброј подароци и убави мисли. Би сакале да ги поканиме сите оние што го сакаат словото, виното, и уживаат во љубовта – на Булеварот на книгите да создаваме романтични приказни од зборовите што ги користиме”, истакна Дејан Павлески, менаџер на Клуб Матица.